Благодарејќи на иновативноста на еден студент од Кина, отсега ќе можете да перете алишта и да вежбате во исто време.
Уредот кој ќе ви послужи да ги правите овие две работи истовремено, претставува статичен велосипед со вградена машина за перење и сушење алишта.
Овој велосипед во себе има вградено систем за доток и испуштање на вода и работи со вртење на педалите.
Односно, со вртежите кои ги правите на велосипедот, вие ги перете вашите алишта.
Со овој уред, кој за кратко време ќе биде пуштен во продажба, вие ќе имате подолго време за одмор, испрана облека и витко тело.