Улицата на „црвените фенери“ во Амстердам на друга локација

Од:

Градоначалничката на Амстердам, Фамке Халсема предложи излозите познати како „црвени фенери” или „Црвената улица“, каде што сексуалните работнички и работници ги нудат своите услуги, да бидат затворени, или пак, тие да бидат преместени во друг дел од градот.

Како што истакна Халсема, целта на оваа идеја е да се заштитат правата на сексуалните работници, спречување криминал и отстранување на проблемите на околните жители и компаниите.

„Црвените фенери” имаат долгогодишна традиција и се наоѓаат близу главниот градски пловен канал. Последниве години, градските власти настојуваат да го намалат бројот излози, кој изнесува вкупно 330. Главно навечер, групи туристи го разгледуваат ова подрачје.

Тука има и кафулиња во коишто се продава марихуана.

Во соопштението на градските власти се наведува и дека за некои туристи, сексуалните работници се само „атракција за гледање“ и ништо повеќе од тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона

Ана Ололовска

Забрана за Мекдоналдс крај историски објект во Рим

Ана Ололовска

Пилот барал пари од патниците за гориво

Ана Ололовска

Неактивен вулкан се продава за 55.000 евра

Ана Ололовска

Бројот на ноќевања во Виена пораснал за 10 отсто

Ана Ололовска

Десетгодишно девојче го освои врвот Спантик и постави светски рекорд