Новите „Кнотс“ перници за седење, дефинитивно станаа сериозна конкуренција во зоната на комфорот.
Со нивниот уникатен дизајн, разновидните бои и големини, лесно се вклупуваат во секој простор и со секој стил.
Тоа што ги прави посебни овие перници за седење е изработката, нивната дизајнерка Нета Теслер, инспирирана од убавините на морето, песочните плажи и јазлите направени од јаже на бродовите, создала перници за седење од јазли направени од дебело платно.
Овие уникатни перници за седење се вистински избор кога ви се потребни дополнителни седишта во дневната и детската соба, па дури и одлично ќе послужат за на тераса и во двор.