Уапсена иранската Анџелина Џоли

Од:

Иранската „Инстаграм-ѕвезда“, којашто се прослави со своите напори да наликува на американската глумица Анџелина Џоли, е уапсена.

Имено, Сахар Табар е обвинета за неколку прекршоци. Апсењето уследи откако неколку нејзини следачи ја пријавиле за богохулење, поттикнување на насилство, поттикнување на неетичко однесување, како и прекршување на правилата за облекување во Исламската Република.

Таа стана светски позната пред две години. Со своите обиди да изгледа како Анџелина Џоли, Табар привлече многу следачи на Инстаграм, следбеници, обожаватели но и сеирџии.

Гласините говорат дека направила 50 пластични операции, но самата потоа призна дека повеќето нејзини снимки се фотошопирани. На некои следачи, таа сепак, повеќе им личи на „зомби” отколку на својата холивудска двојничка.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска