Твитер тестира нова опција која треба да ги спречи лажните вести

Од:

Компанијата Твитер експериментира нова алатка додавајќи светло обоени налепници под лажните информации кои ги објавуваат политичарите и другите јавни личности.

За американските национални телевизии, од Твитер потврдија дека на апликацијата се појавила демо верзија од алатката која има цел да ги спречи дезинформациите што се ширеа особено за време на претседателските избори во САД (2016).

Во сегашната верзија, дезинформацијата која ќе се објави на Твитер, ќе биде исправена под објавениот твит од страна на лица задолжени за проверка.

Твитер дава можност и граѓаните да учествуваат во проверката на информациите на тој начин што доколку се сигурни дека објавата не е точна, во тој случај тие може да ја пријавата на опцијата „community reports“.

„Во следниов период ќе тестираме многу алатки и начини како да се стави крај на дезинформациите и лажните вести“, вели портпартолот на компанијата.

Би можело да ве интересира

Русија ги казни „Фејсбук“ и „Твитер“ со по 58.000 евра

Драган Поповски

Твитер ќе се бори против дезинформации на изборите во САД во 2020 година

Драган Поповски

Твитерџика со наизглед добра Фотошоп-идеја за заработка

Ана Ололовска

Милијардер поделил девет милиони долари преку Твитер

Ана Ололовска

Пожарот во Нотр Дам најкоментиран настан на Твитер во 2019.

Ана Ололовска

Твитер забранува политички огласи

Ана Ололовска