Твитер со предупредување – ги отстрануваме неактивните корисници

Од:

Социјалната мрежа Твитер предупреди дека ќе ги отстрани профилите на корисниците кои немаат пристапено на мрежата шест месеци, соопшти синоќа „Верџ“, повикувајќи се на соопштенија што корисниците ги добиле од компанијата.

Од Твитер истакнуваат дека ако сакаат да го зачуваат профилот, корисниците треба да се логираат најдоцна до 11 декември.

Одлуката за отстранување на профили компанијата ја објаснува со потребата на корисниците да им понуди веродостојни информации.

Изданието наведува дека во Твитер се надеваат дека ќе ги натераат корисниците на поголема активност на мрежата ако тие отворат свој профил таму.

Компанијата укажала дека бришењето на профили ќе трае неколку месеци. Имињата на профилите што ќе бидат избришани може да станат достапни на нови корисници, но компанијата не одговори кога може да се случи тоа.

Според „Би-би-Си“, налозите кои автоматски испраќаат вести и различни известувања, исто можат да бидат избришани ако тие останат неактивни до 11 декември. Се вели дека отстранувањето на профилите нема да влијае на вкупниот број на корисници на мрежата.

Покрај неактивните корисници, ќе бидат отстранети и профилите на сопственици кои починале и раководството на Твитер на ја исклучува можноста овие профили да ги остави во спомен на починатите, како што тоа го прави Фејсбук.

После ревизијата за период од неколку години наназад, се дозна дека од 2015 година бројот на корисници на Твитер се намалувал за 1 милиони месечно. На социјалната мрежа сега се регистрирани 145 милиони луѓе. Компанијата призна дека бројот на корисници бил преувеличен, а тоа било резултат на активнст на текстуални апликации од трети страни.

Би можело да ве интересира

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

Твитер одби да се пребара профилот на Трамп, па заработи парична казна

Горан Наумовски

Од Слупчане не кажаа, 3000 денари за цело село или 3000 денари по куќа ќе плаќаат? – Реакции на социјалните мрежи

Орце Костов

Илон Маск најави промена на логото на Твитер: „Збогум на сите птици“

Илон Маск потврди: Твитер ќе го смени името

Твитер за црвените елеци на СДСМ: „На толкави плати, шетаат во елеци како од Црвен крст“

Орце Костов