Три сестри родија четири бебиња за помалку од час и половина

Од:

За помалку од час и половина три сестри од кои две близначки родија четири здрави бебиња.

Оливера Мугоша Миџор, Јасна Јасна Ракочевиќ и Јелена Вукичевиќ донесоа на свет четири бебиња, бидејќи една од близначките роди близначиња, пренесува порталот ЦДМ од Општата болница Данило Први во Цетиње.

„Породувањата поминаа добро. Мајките и нивните деца се добро“, рече д-р Предраг Јововиќ, кој го водеше гинеколошкиот тим.