Том Харди во младоста имал секс со мажи, а сега вели дека завршил со експериментирање

Од:

Том Харди се враќа во продолжението на филмот за суперхерои „Веном“, базиран на истоимениот роман на Марвел. Актерот вели дека поради таа улога, но и поради претходните, на луѓето им изгледа помажествено.

Сепак, Харди, кој глумеше и во филмовите „Бронсон“, „Воин“, „Мрачниот витез се крева“, „Лудиот Макс: патот на бесот“, вели дека воопшто не се чувствува така. Наместо тоа, тој објасни дека има „поприродно женствено чувство“.

“Посакувам да бев еден од мажествените момци, но секогаш се чувствував малку поинаку. Можеби моите машки квалитети се резултат на компензација бидејќи јас не сум еден од нив”, рекол Харди.

Две години пред да стане широко познат на американската публика со глумењето во филмот „Inception“, Харди ја запознал својата сегашна сопруга Шарлот Рајли во 2008 година на сетот на серијата „Wuthering Heights“.

Парот се вери следната година, а во брак се од 2014 година. Родителите се две деца, а Харди има и 13-годишен син од претходната врска.

Актерот (44) во една прилика за „Сан“ изјавил дека тоа што родителството му дало цел, како и дека повеќе се грижи за тоа како го води животот.

Но, не било секогаш така. Том Харди во едно одамна интервју призна дека во младоста експериментирал со се, од дрога до секс.

Во 2010 година, Харди зборуваше за неговата флуидна сексуалност и хомосексуалните односи во тинејџерските години.

Запрашан дали имал секс со маж, Харди потоа за магазинот „Нау“ одговорил: „Секако дека имав. Јас сум актер“.

„Сум пробал сè и со секого. Ми се допаѓа добар физички изглед, но сега … тоа не ми оди. Завршив со експериментирање, но има доста работи во врска со другите мажи, особено хомосексуалците, кои ми требаат во животот“.

Би можело да ве интересира

Најгласните противници на хомосексуалците често и самите се хомосексуалци, вели науката

Жарко Настоски

Ердоган ги пофали младите партиски членови: „Ова не е „ЛГБТ-младина“

Жарко Настоски

Ватикан: Изјавите на папата Франциск за хомосексуалците се извадени од контекст

Жарко Настоски

За првпат во Хрватска, геј-двојка доби право да згрижува деца

Жарко Настоски

Во 70 земји е незаконски да се биде хомосексуалец, во седум се казнува со смрт

Ана Ололовска

Том Харди се сели од Лондон поради обожавателка

Наум Локоски