„Титаник“ се викал „Бродот од соништата“: Ова се првите наслови на популарните серии и филмови

Од:

Многу светски популарни филмови и серии кои можеби ни се на листата омилени на самиот почеток го немале името по кое сега се познати во светот.

Некои од нив се викале потполно поинаку, што денеска би ни било многу чудно. Таков е случајот со „Убава жена“ и серијата „Пријатели“.

„Титаник“, „Враќање во иднината“ или „Династија“ се само некои од остварувањата чии имиња не се како оригиналните. Се поставува прашањето дали би ја доживеале истата популарност доколку останале со првобитното име.

Хит серијата која ја прикажува богатата фамилија и разните сплетки меѓу нафтените магнати, требало оригинално да се вика „Нафта“. Името е сменето во „Династија“ за да се натпреварува со серијата ривал „Далас“.

Филмот „Враќање во иднината“, Back to the Future од 1985-та година требало да се вика „Вонземјанин од Плутон“.

Познатите „Добри момци“ или Goodfellas за малку ќе биле „Мудреци“ затоа што филмот на Мартин Скорсезе е работен како адаптација на истоимената книга. Сепак тоа име било веќе зафатено, односно така се викала една ТВ серија од 80-тите, па Скорсезе морал да смислува ново.

„Убава жена“ или Pretty woman требало едноставно да се вика „3000“, односно толку Едвард – Ричард Гир неделно потрошил на Вивиен, Џулија Робертс. Името е променето затоа што првобитното повеќе личело на некој филм од жанрот на научната фантастика.

„Пријатели“ имале неколку работни наслови: Пријатели како нас, Си беше еднаш во Вест Вилиџ, па дури и Инсомнија кафе. Тешко е да се замисли дека „Пријатели“ можат да бидат било што друго освен „Пријатели“.

„Бродот од соништата“, што мислите за кој филм се работи? Да станува збор за „Титаник“.

Познатиот анимиран филм „Автомобили“ за малку би се викал „Рута 66“ по еден пат во Америка, но сепак името е променето поради друга серија која така се викала.

Тинејџерското остварување „Хана Монтана“ се викала Алексис Тексас, но тоа име го носела една ѕвезда од филмовите за возрасни, па Хана го добила ова име.

The Big Bang Theory кај нас не се преведува во оригинал, а првиот оригинален назив бил „Лени, Пени и Кени“. Дури ни ликот Кени не останал во серијата, неговото име е сменето во Шелдон.

Би можело да ве интересира

„Бруталниот“ задник во прв план: Папараците ја „фатија“ Џеј Ло во тесен фустан на снимање на филм

Ана Ололовска

Avengers: Endgame триумфираше на американските People’s Choice Awards

Ана Ололовска

Холивудска премиера на „Пајни: осамената елка“

Ана Ололовска

Премиера на холивудскиот филм „Пајни: Oсамената елка“ на кој работеше македонското студио „В Хаус анимејшн“

Ана Ололовска

Џокер најпребаруван лик на „Порн хаб“ деновиве

Ана Ололовска

Пол Дејно како негативец во новиот „Бетмен“

Ана Ололовска