Тиквички со пченкарно брашно и кашкавал

Од:

Многу фини и вкусни …

Потребно е:
2 средни тиквички
3 јајца
50 г сирење
неколку парчиња шунка
100 г некој топлив кашкавал (ајдамер, гауда,…)
3-4 лажици меко брашно
3-4 лажици пченкарно брашно
сол, бибер
италијанска мешавина на зачини
малку прашок за пециво

Подготовка:
– Тиквичките излупшете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Посолете ги и оставете ги да пуштат течност.

– Во еден сад ставете ги издробеното сирење, ситно сецканата шунка, јајцата, ренданиот кашкавал, малку прашок за пециво, сол, бибер и мешавината на зачини. Убаво измешајте.

– Сега додадете ги двете врсти брашно и повторно убаво измешајте. На крај додадете ги изренданите и исцедени тиквички и измешајте. Ако има потреба додадете уште малку брашно.

– Калапите за мафини премачкајте ги со малку путер и наполнете ги до пола со горната смеса.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути. Некаде пред крај на печењето покријте ги со хартија за печење за да не се препечат.

– Оставете ги малку да се изладат и сервирајте ги.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска