„The Grasslamp“ е иновативна ламба на српскиот дизајнер Марко Вучковиќ во која можат да се одгледуваат микро билки користејќи само вода и ЛЕД осветлување, без потреба од земја.
Покрај тоа што го забрзува растењето на билките, штедливото ЛЕД светло може да даде дискретно и релаксирачко осветлување во која било просторија.
Безвременскиот дизајн на ламбата и нуди на секоја просторија допир на елеганција, а во комбинација со внатрешното зеленило, ќе ја внесе природата во кој било од домот.
Научно е докажано дека зелената боја им нуди одмор на уморните очи, а одгледувањето на билки има позитивно влијание на психата, слично како медитацијата.
Ламбата е изработена во челичен калап, а потоа е рачно составувана.
Достапна е во две бои и повеќе модели кои можат да се монтираат на ѕид или плафон, и како столна и подна ламба.