Тестот за татковство на Алберт Втори ќе биде строго доверлив

Од:

Поранешниот крал на Белгија, Алберт Втори (84) ќе мора да направи ДНК тест за да го побие тврдењето дека е татко на вонбрачно дете родено во шеесеттите години на минатиот век и со тоа да избегне парична казна од 5.000 евра дневно.

Монархот веќе десетина години одрекува дека е татко на белгиската уметница Делфин Боел (51). Претходно месецов, суд во Брисел одлучи дека Алберт Втори треба да направи ДНК тест, за да се утврди дали е родител на Боел и ако е, тој ќе треба да ѝ плаќа казна.

Резултатите од тестот за татковство ќе бидат строго доверливи до нова судска одлука, изјави адвокатот на поранешниот крал. Тие се очекуваат до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски