Тесните фармерки предизвикуваат гинеколошки проблеми

Од:

Тесни фармерки, панталони и долна облека можат да предизвикаат вагинални воспаленија, а имајќи предвид дека зачестеноста на инфекциите е зголемена, оваа поврзаност го добила и медицинското име „синдром на тесни панталони“.

Две големи независни истражувања од 80-тите години на минатиот век, едното спроведено во Нигерија врз 365 жени, а второто во САД врз 203 жени, покажуваат чести појави на вагинални габични инфекции кај жените кои носат тесни фармерки и таква долна облека, отколку кај оние кои се облекуваат покомфорна памучна облека.

Тесната облека ја ограничува циркулацијата на воздухот, создавајќи на тој начин топло и влажно опкружување кое е идеално за развој на габички, така што најчестата вагинална инфекција кандида е речиси загарантирана.

Современата медицина предупредува дека денешната мода би можела да доведе до слични последици кои ги имале жените во времето кога носеле корсети.

Тесната облека влијае на природните функции во телото, како дишење, крвоток и варење на храната. Поради неможноста од правилно дишење, може да се јават хипервентилација и панични напади.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска