„Тесла“ привршува со дизајнот на „кибер-камионот“

Од:

Планот за фамозниот „кибер-камион“ (Cybertruck) на „Тесла“, според Илон Маск, е веќе готов и, „ако имаме среќа“, испораките на ова електрично возило може да почнат годинава.

– Веќе нема повторување на ниво на централната изработка… Го поправивме дизајнот. Наскоро ќе ја нарачаме опремата неопходна за производство на „Кибер-камионот“. При производството, ќе користиме и машина за леење од 8.000 тони, за задниот дел на електричниот „пикап“, наспроти пресата од 6.000 тони што ја користиме за „Моделот ипсилон“, изјави сопственикот на „Тесла“.

Електричниот мал камион ќе се произведува во Остин, Тексас, САД, што во мигов се гради и ќе биде во функција некаде оваа година, според извештајот за приход на компанијата за четвртото тримесечје од 2020 година.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари

А1он