Телевизиската серија „Homeland“ завршува по осмата сезона

Од:

Телевизиската серија „Татковина“ ќе заврши по осмата сезона, потврди главната актерка Клер Дејнс во синоќешното интервју за Шоуто на Хауард Стерн.

Претходно и Алекса Ганса, авторка на оваа криминалистичко-шпионска драма, за „Холивуд Рипортер“ изјави дека тоа ќе биде последна година за неа.

– Не можам да говорам во името на Клер и Менди (Патинкин, кој исто така глуми во серијата), но за мене осмата сезона ќе биде последна. Доколку Шоутајм и Фокс сакаат да продолжат со серијата, ние ќе оставиме одреден простор за тоа, ако има интерес, истакна Ганса.

Моментно се прикажува седмата сезона од „Татковина“, а осмата е закажана за наредната 2019 година.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето