Телескопот Хабл сними мистериозен објект

Од:

НАСА објави фотографии од комета која ја нарекоа 2Л/Борисов, а била снимена од вселенскиот телескоп Хабл. Во моментот кога е фотографирана кометата 2Л/Борисов била оддалечена 326 милиони километри од Земјата.

Кометата 2Л/Борисов првпат е забележана во август од кримски астронаут аматер, по кого и кометата го добила името.

Од тогаш научниците ја фотографираа кометата како се приближува кон Земјата за подобро да ја видат.

– Хабл ни дава најдобра слика за кометата, но и големината на јадрото, изјави Дејвид Џевит, професор за планетарна наука и астрономија на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес чиј тим има снимено најдобри и најостри фотографии од кометата.

Научниците утврдија дека ова е втор меѓуѕвезден објект, за кој се знае дека го посетил нашиот Сончев систем, по познатата комета Омуамуа која била прва комета која влегла во нашиот соларен систем.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало