Тејлор Свифт е најплатената јавна личност

Според најновата „Форбс“-листа 100 најплатени јавни личности од светот на музиката, спортот и забавата, „од Холивуд до Боливуд”, на врвот е пејачката Тејлор Свифт со 185 милиони долари. По неа следи ѕвездата од реалните шоуа, Кајли Џенер со нејзините 170 милиони, а на трето место е сопругот на нејзината сестра – Кање Вест, со заработени 150 милиони долари.

Листата се прави еднаш годишно, а на најновата дури третина од луѓето не се од САД.

Меѓу првите десетмина се и тројца фудбалери – Лајонел Меси од Аргентина (место број 4), со 127 милиони долари заработка, Португалецот Кристијано Роналдо (6), со 109 милиони долари заработка и Бразилецот Нејмар со 105 милиони долари заработка. Меѓу нив е и мексиканскиот боксер Сантос „Канело“ Алварез

На топ листата се и британскиот музичар Ед Ширан, групата „Иглс“, забавувачот Д-р Фил, натаму: Роберт Дауни Џуниор, Скарлет Јохансон, Бредли Купер, Пол Рад и други.

Листа се прави на основа на заработката, а овогодишната е направена имајќи ги предвид приходите остварени меѓу 1 јуни 2018. и 1 јуни 2019 година.

Би можело да ве интересира

Марвел најави нови 10 филмови

Ана Ололовска

Едвард Фурлонг во новиот „Терминатор“ филм

Ана Ололовска

Алек Болдвин повторно коментираше на Инстаграм, ќерка му се сликала во танга

Ана Ололовска

Ќерката на Пол Вокер сè попопуларна на Инстаграм

Ана Ололовска

Мараја Кери: Спиев само со петмина

Ана Ололовска

Офрлено обвинението за сексуален напад против Кевин Спејси

Ана Ололовска