Тажните песни и позитивните емоции

Од:

Истражување на германски научници покажува дека тажните песни не привлекуваат затоа што поттикнуваат претежно позитивните емоции, што е одлично за нашето ментално здравје.

Тим експерти од Универзитетот во Берлин одлучи да истражи што стои зад привлечноста на меланхоличната музика.

Тие собрале податоци од 772 испитаници од Европа, Азија и Северна Америка.

Секој од испитаниците требало да одговори колку често слуша тажна музика, во кои ситуации ја слуша и како се чувствува додека тоа го прави.

Научниците велат дека тажната музика предизвикува „широк спектар сложени и позитивни емоции како што се носталгија, мирољубивост, трансценденција и воодушевување“.

Истражувањето покажало дека носталгијата е доминантно чувство што го почувствувале 76 отсто од испитаниците, додека мирољубивоста ја почувствувале 57,5 отсто.

Она што е заедничко кај сите тие чувства е дека се работи за позитивни емоции.

– Кај голем број лица, слушањето тажна музика може всушност да доведе до позитивни емоционални ефекти, вели психологот Лила Таруфи.

– Тагата предизвикна од слушање на таква музика, не е само естетско или апстрактно доживување, туку може да има важна улога во вкупното животно задоволство, бидејќи пружа утеха и регулира негативни расположенија и емоции, истакна Таруфи.

Студијата исто така покажа дека голем број испитаници тажната музика ја слушале во моменти на самотија или емотивен стрес, па може да се зборува и за облик на самолекување.

Најновите откритија ги потврдуваат претходните истражувања кои укажуваат на тоа дека слушањето тажни песни го менува хемискиот процес во мозокот кој на луѓето им помага да ја надминат тагата.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска