Таткото на Бритни Спирс останува одговорен за нејзиниот имот

Од:

Судот во Лос Анџелес, Калифорнија го одби барањето на поп-пејачката Бритни Спирс, која се обиде да го отстрани нејзиниот татко од одговорноста и контролата над нејзиното мултимилионско богатство, објави „Варајети“.

Пејачката во 2008 година беше прогласена за делумно работно неспособна, поради проблемите со недозволени супстанции и со психичкото здравје. Повеќе од 10 години, финансиите на пејачката, вклучувајќи и мултимилионски фонд за доверба, беа контролирани од нејзиниот татко и адвокат назначен од судот. Таткото на пејачката, Џејмс Спирс носеше одлуки во врска со нејзината кариера, лекувањата, како и личниот живот. Некои извори и претходно тврдеа дека таа не го сака ова, но поради судската одлука за надзор, била принудена да се согласи.

Адвокатот на Спирс поднесе низа тужби изминативе неколку месеци. Тој инсистира на тоа дека таткото на пејачката веќе не се занимава со управување со нејзините финансии. Претходно, судот се согласи да вклучи приватна финансиска компанија меѓу одговорните за имотот на Бритни Спирс. Сепак, потоа, беше одбиено целосно отстранување на нејзиниот татко од контролата врз средствата.

Кон крајот на јуни, поп-пејачката, за време на говорот пред судот, побара да се отстрани надзорот над неа, кое трае околу 13 години. Ова барање сè уште не е формализирано.

Богатството на пејачката се проценува на околу 60 милиони долари. Бритни Спирс е добитник и на бројни музички награди, вклучувајќи и неколку Гремија.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“

Бритни Спирс се огласи за разводот: Не можев повеќе да ја поднесам болката

Предраг Петровиќ

Нови детали од разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари: „Таа го удираше додека тој спиеше“

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс се разведува по само 14 месеци брак