Тајзи го промовираше новото видео за „Сине“

Од:

Денеска, на каналот на Балкатон на „Јутјуб“ беше промовирано новото видео и песна на Драган Величковски Тајзи, со наслов „Сине“

За овој проект, Тајзи вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера, а последните спотови во режија на Даниел Јовески изгледаат светски. Текстот е на Тајзи, а заедно со продуцентот Лазар Цветковски ја направија музиката.

„Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба не чека во животот“- вели Величковски за видео записот за „Сине“.

Снимен е на повеќе локации, во Куклици, Кратово, тврдината Зебрњак, како и боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата е на Балкатон од Србија.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски