СЗО: Секоја трета жена е злоставувана

Од:

Во извештајот на Светската здравствена организација се наведува дека 30 проценти од жените се жртви на напади на своите сопрузи, како и дека големиот број на убиства на жени односно 38 проценти ги извршуваат нивните партнери.

-Овие податоци праќаат силна порака дека насилството над жените е глобален проблем со епидемиски размери. Исто така гледаме дека светските здравствени системи можат и мораат да направат повеќе за жените кои претрпеле насилство- изјави генералната дирекрорка на Светската здравствена организација Маргарет Жен.

Највисок степен на насилство над жените е забележан во Африка, дури 45,6 проценти, додека во Европа тој процент е 27,2.

Речиси половина жени односно 42 проценти, кои се изложени на насилство претрпеле повреди поради кои побарале лекарска помош.

Насилството остава длабоки последици по здравјето на жените, како скршеници, компликации во бременоста и ментални проблеми.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО