Светот пие се повеќе пиво

Од:

 Глобалната потрошувачка на пиво 26 години по ред се зголемува. Јапонската корпорација „Кирин Холдинг“ објави денеска дека во претходната година се испиени речиси 189 милиони килолитри пиво во светот, односно 3,8 отсто повеќе отколку една година порано.

Кирин инситутот за храна и животен стил, кој е истражувачки оддел на истоимената корпорација, соопшти дека количеството на испиени пива во 2011 година е доволно за да се „наполни“ 152 пати главниот бејзбол стадион во Токио.

Зголеменото конзумирање пиво во последната набљудувачка година, се должи на драстичниот раст на побарувачка во економиите со забрзан развој, како што се Кина и Бразил.

Кина и понатаму е светски „пивопиј“ број еден веќе деветта година по ред, со годишен раст од 10,7 отсто. Во најнаселената земја испиени се 49 милиони килолитри пиво, што е повеќе од една четвртина од светската потрошувачка (26,8 отсто).

САД се наоѓаат на второ место, иако потрошувачката на пиво се намали за 1,2 отсто. Потоа следат Бразил и Русија.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол

99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол