Судот пресуди дека Амбер Херд е виновна, а Џони Деп го доби процесот

Од:

По седумнеделното судење меѓу Џони Деп и Амбер Херд, кое многумина го нарекоа судење на деценијата, конечно беше донесена пресуда.

На поротата и требаше повеќе време. Судот пресуди дека Амбер Херд е виновна, а Џони Деп го доби процесот.

Поранешниот холивудски пар размени сериозни обвинувања за време на судењето – и Деп и Херд тврдеа дека биле жртви и на емоционално и на физичко малтретирање.

Процесот привлече големо внимание кај светската јавност, а социјалните мрежи станаа полигон за говор на омраза на навивачите од двете страни.

Амбер Херд објави напис во Вашингтон пост во 2018 година со наслов „Зборував за сексуално насилство – и се соочив со гневот на нашата култура“. Поради тој напис, адвокатите на Деп се обидоа да докажат дека актерот настрадал поради погрешната слика за него како насилник и поради што изгубил бројни актерски ангажмани.

Би можело да ве интересира

Џони Деп пронајден онесвестен во хотелска соба во Будимпешта

А1он

Заврши судењето на деценијата: Амбер Херд му плати на Џони отштета

Горан Наумовски

Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти

Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут

Џони Деп за три часа заработи 3,5 милиони долари со продажба на слики

Судијата го одби барањето на Амбер Херд за поништување на судењето за клевета