Стресот во бременоста предизвикува растројство кај детето

Од:

Децата на жени кои биле изложени на голем стрес во бременоста имаат скоро десетпати поголема веројатност да развијат растројство на личноста до 30-та година од животот. Дури и умерениот продолжен стрес може да има влијание на развојот и да трае и по раѓањето на детето, се вели во ново истражување во британското списание „Џурнал оф сајкајатри“.

Растројство на личноста подразбира збир од проблеми кај една личност што негативно влијаат врз нејзиниот и животот на другите. Тие обично се претерано анксиозни или емоционално нестабилни, на пример, или пак параноични и антисоцијални. Некои сметаат дека тоа се појавува кај околу пет отсто од севкупното население и оти најчесто е поврзано со менталното здравје, депресија, проблеми со дрога и алкохол, гените.

Во рамки на истражувањето, кај 3.600 трудници во Финска е следено нивото на стрес, како и развојот на децата родени меѓу 1975. и 1976 година. Кога тие деца потоа наполниле 30 години, кај 40-мина е забележан некаков вид дијагноза на растројство на личноста и сите биле тешки случаи.

Научниот труд покажа дека подолгиот стрес, и со повисоко ниво, во самата бременост, може да има долготрајно влијание на детето. Децата изложени на силен стрес кај мајката имаат 9,53 пати поголема веројатност од појава на растројство на личноста, отколку оние чии мајки немале стрес.

Што да се направи за да се намали стресот?

Професорката Труди Сеневиратни од лондонскиот Кралски колеџ нагласи дека на сите мајки во бременоста им е потребна поддршка.

– Ако не се ослободите од стресот, многу е веројатно дека тоа ќе се прелие и во послепородилниот период. Тоа е доста чувствителна работа и за тоа треба да се разговара. Не сакаме родителите да мислат дека им наштетуваат на своите деца, но високото ниво на стрес влијае на нив, истакнува докторката.

Таа смета дека намалувањето на стресот може да се прави според план и режим.

– Жените треба да научат да се одмораат, да бараат поддршка и да има со кого да разговараат околу тоа како се чувствуваат, вели проф. Сеневиратни.

Се препорачува и умерена, избалансирана исхрана, редовен и мирен сон, како и откажување од цигарите.

Би можело да ве интересира

Нов тип на ХИВ откриен за првпат по 19 години

Татјана Ташкова

Откриен ген одговорен за појава на аритмија кај човекот

Ана Ололовска

Повеќе сакате слатко или солено? Одговорот ќе ви открие дали имате предиспозиции да се здебелите во иднина

Ана Ололовска

Кучиња – спас од срцев удар и од мозочнен удар

Татјана Ташкова

Влијанието на телевизорот и компјутерот врз детето

Ана Ололовска

Осаменоста е поштетна по здравјето од пушењето цигари

Ана Ололовска