Трансформацијата на некогашните стари селски куќи и нивните придружни објекти во современи објекти за домување, е се позачестен појава, што претставува вистински предизвик за архитектите.
Доказ за ова е една стара куќа во руралниот предел Трусдорф во близина на австриксиот град Ајзенштад, која од градба во хибернација и распаѓање е претворена во современ дом.
Куќата оригинално била поделена на три простории, но архитектите на студиото „Алес Вирд Гут“ при реновирањето внатрешноста на градбата ја трансформирале во отворен и функционален простор со благо дефинирани целини.
Во ентериерот доминира минималиситчкиот стил во кој се комбинирани природни материји со стилски мебел, со што се создава релаксирачки амбиент за домување и за прием на гости.
Едноставниот стил и распоред на куќата совршено е вклопен во опкружувањето на пространиот зелен пејсаж карактеристичен за автриската покраина Бургеланд.