Италијанското архитектонско студио АИМ декорираше еден стан во стара деловна зграда во Милано, при што се определи за дизјан во бразилски тропски стил.
Сите соби во станот се функционални, а тоа посебно се однесува на кујната, трпезаријата и дневниот престој, чии елементи се совршено дефинирани, со што е добиен елегантен, свеж и флексибилен простор кој „комуницира“ со голем број растенија.
Распоредот во станот е преуреден согласно желбите и потребите на сопствениците, па така целиот концепт се надоврзува на дневната соба која е затворена од три страни и во која доминираат белата боја и еклектилниот мебел, кои целиот простор го прават домаќински и гостољубив.
Останатиот дел од станот, кој е со вкупна површина од 200 метри квадратни, содржи реалични текстури, како бетонски ѕидови, темни подни плочки, модерни кујнски елементи и изобилство на растенија од тропските предели.