Сталоне го продава своето луксузно живеалиште во Калифорнија за 3,35 милиони долари

Од:

Силвестер Сталоне го продава своето живеалиште во Ла Квинта, Калифорнија, САД, за 3,35 милиони долари. Тоа е за околу 1,15 милиони долари помалку од она што тој го плати за тоа пред повеќе од 10 години.

dobivaj vesti na viber

Вилата во медитерански и тоскански стил има внатрешен простор од 4.889 квадратни метри, четири спални соби и пет бањи. Двокатниот дом, изграден 2008 година, нуди и пространа дневна соба со тавани со двојна висина и камин од камен, трпезарија со тераса, кујна со дрвени ормани, средиштен дел од дрво и камен, сала за појадок и просторија за вино, според описот на Џош Риф од Даглас Елиман, објавен при огласот за продажба.

Агентот за недвижнини, Риф рече дека г-н Сталоне и неговото семејство го користеле домот за одмор од градскиот метеж, и оти имотот е добро одржуван.

Сталоне (73), глумец, сценарист, режисер и сликар, го купи имотот во 2010 година за 4,5 милиони долари. Тој потоа, прво го огласи имотот за 4,2 милиони долари во 2014 година. Оттогаш, домот беше на и вон пазарот наизменично, по различни цени со промените на условите на пазарот, за да стигне до сегашната цена.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска