Познатиот актер од Србија, Драган Гаги Јовановиќ, пред неколку дена бил примен во болница во два часот наутро поради неиздржливи болки во стомакот, јавуваат српските медиуми.
Тој бил згрижен на оддел за гастроентерологија и му биле направени испитувања.
Актерот денеска, откако информацијата за неговата хоспитализација ја објавија медиумите, се огласи од болницата.
„Некој гастритис, ништо страшно“, изјавил Јовановиќ, кој додал дека лекарите сметаат оти тој и натаму треба да остане во болница, под нивни надзор.
Популарниот актер уверува дека со него е сѐ во ред.
Ова не е првпат Јовановиќ да има сериозни здравствени проблеми. Пред три години, тој мораше да се повлече од глумата поради дискус хернија.
„Трпам големи болки во грбот предизвикани од дискус хернијата. По секоја претстава што ја играм, се чувствувам многу лошо, ми требаат неколку денови за колку-толку да закрепнам“, изјави тогаш актерот.