Србија: Почина баба Оливера, која лани во вонредна состојба одеше на час по англиски јазик

Од:

Оливера Николиќ, поворасната госпоѓа која лани во екот на првиот бран на пандемијата се прослави откако беше снимена како се движи низ белградските улици за време на полициски час, тврдејќи дека се враќа од час по англиски јазик, починала на крајот на изминатата недела, јавија српските медиуми.

Според извештаите, веста за нејзината смрт се појавила на социјалните мрежи.

Баба Оливера стана хит на интернет кога беше пресретната на улица од комунални полицајци, во време на вонредна состојба и забрана за движење на повозрасните граѓани.

Кога ја запрашаа каде живее и каде оди, таа им одговори дека била на час по англиски јазик кај нејзина пријателка која има време и ја подучува, со што веднаш предизвика бран од симпатии на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов