„Спелфи“ – нова апликација за сликање од Вселената

Од:

Нова бесплатна апликација, наречена „Спелфи”, овозможува корисниците да се сликаат со помош на камери поставени на сателитите на Ербас за снимање на Земјата, коишто се на околу 650 километри од нашата планета.

„Спелфи“ е кованица од англиските зборови „Space“ и „selfie“ (за „Вселена“ и „самослик“). На фотографиите нема да се гледаат лицата, ако се има предцид дека камерите се дизајнирани да сликаат цели групи луѓе, на настани како што се спортски собири, или пак – климатски протести.

Првиот таков вселенски самослик седмицава е прикажан на Би-би-си, а го направиле активисти на движењето „Збогум за пластичните ќеси”, кои протестираа на загадената плажа на азискиот остров Бали. Активистката Изабел Вијсен изјавии дека тоа било со умисла го направиле тоа – поради големиот напис – „Дејствуваме сега!“, кои се видел и од Вселената.

Корисниците преку апликацијата го потврдуваат учеството на настанот. Потоа, знаат дека сателитот ќе ги фотографира, па ќе ја примат сликата.

– Моќта на „спелфито“ може глобално да ја подигне свеста, охрабрувајќи ги другите да се придружат и да посакаат и тие да ја создадат разликата, како што тоа го направи Изабел со движењето „Збогум за пластичните ќеси” на Бали, изјави Крис Њулендс, креатор на апликацијата.

Ербас поседува скоро 50 сателита за набљудување на Земјата од орбитата.

Би можело да ве интересира

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он

„Епл“ ќе ја одложи промоцијата на новите модели Ајфон за еден месец

А1он

„Apple“ објави дека ќе ги забрани HTTPS сертификатите на Сафари пребарувачот

А1он

Апликацијата „Viber“ додаде уште една опција за корисниците

А1он

„WhatsApp“ престанува да работи на милиони телефони

А1он

Нова серија на емоџи ќе биде објавена во 2020 година, дознајте кои се тие

А1он