„Спајсицата“ Гери Халивел на одмор во Дубровник

Од:

Пејачката Гери Халивел, членка на поп-групата „Спајс грлс“, деновиве се одмора во Дубровник, заедно со сопругот Кристијан Хорнер и во друштво на Берни Еклстон и неговата сопруга Фабијана Флоси.

Гери за тоа се пофали на Инстаграм, објавувајќи видеоснимка како вози џет-ски.

View this post on Instagram

Scream if you wanna go faster ! 😊

A post shared by geri 👑 (@therealgerihalliwell) on

Престојот на пејачката во Дубровник следи по повратничката турнеја со групата „Спајс грлс“, што се одржа низ Велика Британија и Ирска и траеше од 24 мај до 15 јуни.

Гери ја напушти британската група во 1998 година, но девојките годинава повторно се собраа заради својата четврта турнеја. Првите два од 13-те концерти, американските медиуми ги прогласија за дебакл. На турнејата не се приклучи единствено Викторија Бекам, но на своите некогашни колешки им посака среќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот го прифати предизвикот на Доли Партон

Драган Поповски

Не биле толку среќни со години: Дали се Џенифер и Бред повторно во врска?

Ана Ололовска

Тејлор Свифт во новиот документарен филм „Мис Американа“

Драган Поповски

Џенифер Лопез избрана за заштитно лице на ГУЕС

Драган Поповски

Бред Пит: Квентин Тарантино обожава да ги собува глумиците

Ана Ололовска

На аукција во САД продадени 21 автомобил на починатиот Пол Вокер

Ана Ололовска