На карпестите терени на шпанската покраина Гранада, студиото „Гилбартоломе Архитектс“ изгради куќа во која се измешани стилови од различните епохи и архитектонски традиции на Шпанија.
Куќата е изградена во една карпа од каде се пружа прекрасен поглед кон Средозменото Море. Со целата нејзина форма, куќата креира нова естетика сместена меѓу природното и вештачкото,
Брановидниот покрив на куќата се надополнува на аморфните прозоски отвори, со што во комбинација со металните скали, градбата наликува на лик човек, кој може да оживее во секој момент и да изникне од карпата.
Покровот е изработен од плочки од цинк поставени на метална рамка, на што се надоврзуваат големите стаклените прозорци на горниот кат, каде се сместени спалните соби.
Големите стаклени прозорци се среќаваат и на долниот кат, каде се семстени просториите за дневен престој, на кој се надоврзува голема тераса.
Со вметнувањето на куќата во карпата се овозможува одржување на температурата во внатрешноста на околку 20 степени Целзиусиви, а на тој начин воедно е добиена структура која потсетува на старите медитерански пештерски живеалишта.
Како резултат на сето ова добиена е една типична шпанска, но во исто време и авангардна и несекојдневна градба, која прекрасно се вклопува во околниот пејзаж.