Совети за изгореници од сонце

Од:

Изгорениците од Сонцето се акутна реакција на кожата по прекумерна изложеност на ултревиолетовото зрачење, што предизвикува директно оштетување на ДНК-та и изумирање на кожните клетки.

Изгорениците од Сонце кај децата може да го удвојат ризикот од рак на кожата, т.е. од меланом, подоцна во животот.

Доколку на кожата почнат да се појавуваат знаци на изгореници, веднаш тргнете се од сончевите зраци. Покријте го црвенилото со лесна памучна крпа којашто ќе ѝ дозволи на кожата да дише и останете во ладовина.

Лековите против болки, како што е Ибупрофенот, може да го намалат воспалението и да ја ублажат болката.

Притоа, кожата треба да се лади, со наметнување водена крпа, на интервали од 15 минути. Или, едноставно – истуширајте се со послаб млаз. Меѓутоа, важно е да не ја триете кожата со крпа по туширањето.

Евентуалните пликови на кожата – не ги допирајте оти тоа може да доведе до инфекции и подолготрајни белези. Пликовите ќе се смират сами по неколку дена.

По капењето и туширањето, се препорачуваат лесни и благи лосиони, за смирување на кожата, на пример – Алое вера. Исто така, полезно е и пиењето повеќе вода, што би спречило дехидратација и би му помогнало на телото да заздрави.

Избегнувајте алкохол додека изгорениците се во својот најлош облик и состојба.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска