Јапонската компанија Сони денеска претстави иновативни три во едно слушалки, што може да се претворат во преносни звучници, а истовремено се и МП3 плеер.
Новите слушалки под името НВЗ-ВХ303/ВХ505 целосно ги задоволуваат потребите на еден просечен слушател на музика. Тие се безжични слушалки со вградена батерија, што може да се претворат во преносни звучници и имаат интегриран МП3 плеер со меморија од 4 или 16 ГБ во зависност од моделот.
Батеријата од 1.000 мВ може да издржи до 20 часа работа, а за полнење од само три минути може да издржи еден час работа. Слушалките се достапни во црна и бела боја.