Сони Експирија З5 Премиум ќе има 4к екран

Од:

Најновиот модел на Сони, Експирија З5 ќе биде првиот смартфон на пазарот со 4к екран.

Меркетинг директорот на Сони откри дека компанијата на пазарот ќе претстави 5,2 инчен Експирија З5 и 5,5 инчен Експирија З5 Премиум. Поголемиот уред ќе има 4к екран со над 800 пиксели на еден инч.

Експирија З5 Премиум ќе има камера од 23 мегапиксели со 5х дигитален зум, ќе биде отпорна на вода и прашина. Куќиштето ќе биде целосно изработено од метал, а Експирија логото ќе биде изгравирано од страна. З5, ќе биде првиот смартфон на Сони со сензор за прсти, што ќе биде вграден во мало копче за вклучување и исклучување на уредот.

Двата смартфони ќе имаат Снапдрагон 810 процесор, 3 ГБ РАМ и 32 ГБ вградена меморија. За разлика од поголемиот модел, З5 со 5,2 инчен екран ќе има резолуција од 1.080 пиксели.

Сони двата модели ќе ги претстави на претстојниот ИФА Саемот во Берлин.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска