Со мобилните телефони ќе се гледа преку ѕидовите

Од:

Експерти од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) развиле нова, досега невидена технологија, со чија помош може да се следи движењето на луѓето зад ѕидовите.


Технологијата се вика WiVi (WiFi и „vison“ – поглед), бидејќи користи WiFi сигнал, а научниците тврдат дека наскоро ќе им биде достапна на сите и тоа како апликација за мобилните телефони на следните генерации.


Армиите ширум светот веќе се заинтересирани за оваа технологија и се очекува вистинска трка меѓу нив и мултинационалните корпорации. Професорот на МИТ Дина Катаби го претстави своето откритие и објасни како функционира модел кој овозможува набљудување работи низ пречки.


Накратко, безжичниот интернет испраќа сигнали кои се одбиваат од се што постои во некоја просторија, така што и претходно постоеле технологии кои овозможуваат создавање тридимензионален модел на просторија со сите неподвижни предмети, и тоа додека набљудувачот е зад ѕидот или во друга просторија.


Проблемот досега беше следењето на движењата на луѓето, бидејќи сигналот кој го испраќа човечкото тело е 100.000 пати послаб од сигналите кои се одбиваат од неподвижните работи.


Апаратот кој го направиле експертите од МИТ, меѓутоа, користи ист тип на антена каква што се наоѓа во мобилниот телефон. Тој може без проблем еден ден да се вгради во безжичните уреди, тврди Катаби.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска