Со испилувањето на четири гаврани, Обединетото Кралство избегна зла судбина

Од:

Во моменти кога се очекува исходот од Брегзит, а деновите на премиерката Тереза Меј најверојатно се одбројани, според легендата Обединетото Кралство има шанси за успех.

– Многу сме задоволни што можеме да кажеме дека добивме четири прекрасни гаврани. Тоа се првите птици испилени во Лондонската кула последниве 30 години, изјави Кристофер Скејф, чувар на гавраните во тврдината.

Според легендата кралството ќе пропадне, ако гавраните ја напуштат илјадагодишната тврдина. Се верува дека од времето на кралот Чарлс Втори во 17. век во Кулата се чуваат неколку птици за да се спречи остварување на пророштвото. Моментната група од седум гаврани сега се прошири за четири пилиња.

– Според нас, би било добро да видиме дали можеме сами да одгледуваме гаврани во Кулата, за да ја осигураме својата иднина, оти легендата вели дека тврдината ќе се претвори во прав и пепел и Кралството ќе го снајде огромна штета, додава Скејф.

Натаму, тој објасни дека само едно пиле ќе биде зачувано во тврдината и дека ќе се вика Џорџ или Џорџина, оти малите птици се родени на денот на Сент Џорџ, заштитникот на Англија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он