Снепчет со најголем раст во споредба со последниве неколку години

Од:

Бројот на дневни активни корисници на Снепчет се зголеми на 293 милиони, што е зголемување за 23 отсто во однос на истиот период лани. Ова е всушност најголемиот раст изминативе неколку години.

Растот на Снепчет го надмина и Твитер, кој бележи 206 милиони активни корисници дневно во второто тримесечје. Вкупните приходи на компанијата се зголемиле за 116 отсто, на 982 милиона американски долари, што е најдобар резултат досега. Растот е побрз и во споредба со Фејсбук.

Сѐ побарана е функцијата „Спотлајт“ слична на „Тик-ток“, која им плаќа на корисниците за нивните видеоклипови. Бројот дневни активни корисници на „Спотлајт“ е поголем за 49 насто, а просечната количина на дневно објавена содржина е над трипати поголема. Растот главно им се припишува на самоизолациите и карантините воведени поради пандемијата на коронавирусот, но и на подобрените функции на Андроид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он