Слика од Били д Кид на аукција, почетна цена – милион долари

Од:

Фотографија од (не)славниот американски гангстер од крајот на 19. Век – Били д Кид („Детето“), е ставена на продажба во куќата Соф дизајн окшнс. Почетната цена е милион долари.

„Детето“ бил одметник кој до својата 21. година од животот официјално убил осум луѓе, најмалку. Потоа бил убиен од познатиот шериф од дивиот запад, Пет Герет, кој за тоа напиша книга и го направи криминалецот – бесмртен.

Фотографијата, која досега никогаш не е објавена, го прикажува „Детето“ како пие и игра карти со три члена на својата банда. Наводно, сликата скоро 100 години била во сефот на едно американско семејство.

Автентичноста на фотографијата ја потврди тексашкиот музеј „Џорџ Истман“, најстариот музеј на светот посветен на стари фотографии. Оттаму соопштија дека сликата потекнува од периодот меѓу 1870. и 1890 година.

За Били „Детето“, напишани се и други популарни книги и снимени се голем број филмови.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов