Слика на Ван Гог продадена за над 13 милиони евра

Од:

Една од ретките слики на Винсент ван Гог, која беше подолго време во приватна сопственост, вчера е продадена за повеќе од 13 милиони евра на интернет-аукција на „Сотби“.

Сликата „Уличeн поглед на Монмартр“ сега беше јавно изложена првпат од нејзиното создавање во 1887 година. Делото досега беше дел од приватна колекција. Купено е за 13.090.000 евра, објави аукциската куќа.

Првичната проценка се движеше меѓу пет и осум милиони евра – рекорд за кое било дело на холандскиот уметник насликано во Франција.

Продажбата на „Уличниот поглед на Монмартр“ беше своевиден врв на наддавањето, на кое беа понудени уште 33 дела на други познати уметници, вклучувајќи ги Дега, Магрит, Модиљани, Роден и неговата муза Камил Клодел.

Би можело да ве интересира

На аукција ДНК на Наполеон Бонапарта

Ана Ололовска

Патики на Кање Вест продадени за 1,8 милиони долари

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дијамантски венчален прстен продаден за милион долари

Ана Ололовска

Сликата „Патешествието на човештвото“ продадена за 62 милиони долари

Ана Ололовска

Слика на Черчил продадена за седум милиони фунти

Ана Ололовска

Ремек-дело на Ботичели на аукција за 80 милиони долари

Ана Ололовска