Сладолед од малини

Од:

Малку да се разладиме…

Потребно е:
500 г свежи или замрзнати малини
150 г шеќер (може да користите мед наместо шеќер)
375 мл слатка павлака со помал процент на маснотија (10 до 12%)
1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:
– Свежите или полусмрзнатите малини ставете ги во блендер и измелете ги. Ставете ги во еден сад и додадете го и шеќерот. Мешајте додека да се растопи шеќерот.

– Во сирупот од малини додадете ја павлаката и екстрактот од ванила и по желба додадете една рака цели малини. Убаво измешајте.

– Добиената смеса сипете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач. Морате на неколку пати да го вадите садот и да го промешувате сладоледот за да не ви се направат кристали.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска