Скулптура на Џеф Кунс продадена за 91 милион долари

Од:

Скулптурата „Зајак“ на уметникот Џеф Кунс е продадена на аукција за 91 милион долари, со што е соборен рекордот за најскапо платено дело на жив уметник.

Скулптурата е направена од не’рѓосувачки челик, висока е нешто повеќе од еден метар, а ги надмина сите проценки на аукциската куќа Кристи. Со тоа е соборен рекордот којшто пред шест месеци го постави сликата на Дејвид Хокни – „Портрет на уметникот (базен со две фигури)“, која е продадена за 90,3 милиони долари, исто така на наддавање во Кристи во Њујорк.

Аукцијата траеше нешто повеќе од десет минути. Победничката понуда изнесуваше 80 милиони долари, но заедно со аукциската такса, сликата ќе чини 91 милион долари.

Кунс претходно го држеше рекордот за најскапо продадено уметничко дело на жив уметник. Во 2013 година неговата портокалова скулптура „Куче од балон“ е продадена за 58,4 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска