Синот на Сталоне бил мртов со денови пред да го пронајдат

Од:

Сејџ, 36 – годишниот син на холивудскиот „Рамбо“ – Силвестер Сталоне починал неколку дена пред да биде пронајден.

Веб-сајтот „TMZ“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека тој е мртов најмалку три дена пред да биде пронајден во петокот.

Шишиња од апчиња, лименки пиво и догорчиња од цигари биле пронајдени во собата. Немало оставено писмо ниту белешка што би ја водела истрагата кон обид за самоубиство, па полицијата во Лос Анџелес на неговата смрт гледа како на несреќен случај.

Сепак, долгогодишниот пријател на Сејџ и адвокат, Џорџ Браунстејн ја отфрли сугестијата дека тој е мртов со денови.

Тој изјави дека фотографии на Сталоне помладиот биле постирани на неговата фб страна 17 часа пред да биде пронајден мртов. Исто така ја отфли зависноста од дрога и од било какви други супстанци на починатиот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска