Сингапур, Хелсинки и Цирих се „најпаметните“ градови

Од:

Градовите ширум светот сѐ повеќе се натпреваруваат во тоа кој повеќе ќе да ја прифати и ползува современата технологијата… Меѓу другото, индексот покажува дека во многу земји, „најпаметните“ градови не се нивните престолнини.

Така, Сингапур, Хелсинки и Цирих се технолошки „најпаметните“ градови во светот. По нив, следат Оукленд, Осло, Копенхаген, Женева, Тајпеј, Амстердам и Њујорк. Ова, според Швајцарскиот институт за управување со развој и, нивната анализа при дебатата за иднината на технологијата во ерата на постпандемијата.

– Најпаметните градови во светот не прифаќаат нова технологија веднаш, туку се стремат вистински да го подобрат животот на граѓаните, вели Артуро Брис од Институтот.

На дното на списокот се наоѓаат Абуџа, Најроби и Лагос. Испитувањето опфатило 13.000 луѓе од 109 градови. Прашањата се однесувале на влијанието на технологијата во шест области: здравје, безбедност, сообраќај, движење, можности и управување.

Во Шпанија, Билбао го надмина Мадрид, а вториот по големина британски град Бирмингем напредува подобро од Лондон.

– Во колумбискиот град Меделин, некогаш познат по наркокартелите, стапката на криминал опадна по воведувањето бесплатен безжичен интернет. Тоа им олесни на граѓаните да ги пријавуваат злосторства, вели Брис.

Многу градови низ светот воведоа сообраќајни шеми за автомобили и поголема сообраќајна култура заради намалување на метежот, Москва беше особено успешна во тоа. Тоа, затоа што така се гарантира бесплатен паркинг на сите корисници на оваа „паметна услуга“.

Големите градови тешко стануваат „паметни“, иако стручњаците сметаат дека Ковид-19 го забрза преминот кон поинклузивни, позелени, попаметни градови. Така, Брис предвидува и тренд на свртување кон помалите градови.

– Мислам дека одиме кон свет во кој ќе бидеме пораспрснати. Ќе бидеме побезбедни ако живееме во помалите градови, смета тој. Според него, во случајот на Сингапур, Хелсинки и Цирих, нивната големина им овозможува значително да вложуваат во технологија достапна за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Иглуто како начин за продолжување на сезоната на тераси во рестораните

Ана Ололовска

Градот Азбест во Канада го менува името

Ана Ололовска

Романтично-еротските острови на јужна Италија

Ана Ололовска

Сеул ја отвора демилитаризираната зона Панмунѕом за посетители

Ана Ололовска

Мачу Пикчу отворен за само еден турист од Јапонија

Ана Ололовска

Октомвриски ди-џеј забави во Софија

Ана Ололовска