Силиконската долина повторно во Скопје

Од:

Како прв ментор на втората пред-акцелераторска програманаменета за ИТ стартапи, Сеавус Инкубатор го најавува гостувањето на Адамс Елиот од Силиконската долина. Како и минатата година, во текот на октомври и ноември во Скопје ќе дојдат многу познати имиња од светот на претприемништвото, а Сеавус Инкубатор ќе биде место каде стартапите ќе иновираат продукти кои во наредниот период ќе го освојат светот.

Елиот Адамс има големо искуство во работа со претприемачи, пред сè како ментор на пред-акцелераторската програма насветски познатиот акцелератор Тechstars од Сан Франциско. Тој е предавач на Интернационалната бизнис школа Hult со седиште во Сан Франциско, каде соработува со претприемачкиот центар Nasdaq и е автор на книгата “The startup mixtape” која ќе ја промовира за време на неговото гостување во Македонија. Интересен податок е дека еден од стартапите во кој работел какодиректор за технологија (CTO)е продаден за 22 милиони долари во 2008г.

Аплицирањето за пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор е се уште отворено, а само 10 стартапи ќе имаат можност да земат учество во овогодинешната програма.Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска

Осум стартапи од Сеавус Акцелераторорт успешно ја завршија регионалната Tech Boost програма

Отворен повик за млади креативци до 27 години: Награда за најдобра идеја за Надминување на последиците од ковид пандемијата

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска

Официјално почна глобалната програма Accelerate2030 во нашата земја

Сеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите