Што се афлатоксини?

Од:

Афлатоксините се најсилната позната канцерогена супстанца во природата. Овие хемикалии всушност се почести во природата и ги создаваат габите од семејството Aspergillus.

Станува збор за одамна познат токсин, чија структура е објавена пред педесетина години како и опасноста која ја претставува за здравјето во смисла на развој на малигни заболувања и намалување на имунолошките функции на организмот. Тоа е докажано во добро контролирани клинички студии, а најголемите од нив се спроведени во подрачја на топла и влажна клима.

Габите Aspergillus се широко распространети. Најчесто се појавуваат пред жетвата на житарките, а можат да се појават и во текот на жетвата, но и после тоа во силосите доколку житарките се изложени на високи температури и зголемена влажност во подолг период.

Во земјите од ЕУ горната граница е 0,050 микрограми на килограм (µg/kg) за млеко и млечни производи, додека во ЕУ границата за детски производи е пониска и изнесува 0,025 µg/kg. Во САД границата е поголема и изнесува дури 0,5 µg/kg.

Кога еднаш ќе влезат во синџирот на исхрана тешко се уништуваат. Дури и на многу високи температури нема да се уништи оваа хемикалија. На пример печење во траење од десет миниту на 180 степени ќе елиминира само 50 отсто од афлатоксинот.

Кога афлатоксинот ќе влезе во организмот, црниот дроб ќе стори се за да го разгради на помалку опасни хемикалии. Американската Агенција за храна и лекови ФДА тврди дека повремено изложување на оваа хемикалија не е опасно за луѓето и оти таа често се наоѓа во природата.

Возрасните лица имаат развиен механизам на заштита и висока толеранција на оваа хемикалија, откако е широко распространет во природата. Сепак, доколку сте постојано изложени на неговото дејство, опасноста е поголема.

Особено се загрозени децата и тие секако би требало да избегуваат производи кај кои постои ризик од загадување. Изложеноста на афлатоксини кај луѓето може да се открие врз основа на анализа на крвта.

Афлатоксините се јавуваат во млекото и млечните производи, а многу често и во кикириките, пченката, брашното, оризот, сончогледот, лешниците, бадемите, фстаците и оревите.

Се препорачува да не се јаде храна на која ќе забележите дека има влага, мувла, особено од ризичните групи намирници.

Откриено е дека начин на исхрана кој подразбира зеленчук, а особено морков, целер и магдонос, значително ги намалуваат канцерогените ефекти на афлатоксините.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов