Што е најмногу пребарувано на „Гугл“ и „Јаху“ во 2012 година

Од:

Оваа година во светот преку „Гугл“ регистрирани се 1,2 трилиони пребарувања на 146 јазици.

Американската компанија „Гугл“ ја објави својата листа „Zeitgeist 2012“ на најбарани поими, вести и луѓе оваа година.

Витни Хјустон се наоѓа на врвот на листата топ трендови за 2012, зад која се наоѓа химната на годината „Gangnam Style“ (снимка со најмногу прегледи во историјата на ЈуТјуб) и силниот ураган Сенди, кој на крајот на октомври го погоди источниот брег на САД.

Веднаш зад Сенди се наоѓаат два производа на ИТ индустријата: премиерата на ајПад 3 и новата верзија на компјутерската игра „Диабло 3“, на која фановите чекале 12 години и која го урна рекордот бидејќи за првите 24 часа биле продадени 3,5 милиони копии.

Во првите десет се и Кејт Мидлтон, Олимписките игри во Лондон, 15-годишната Канаѓанка Аманда Тод која изврши самоубиство поради злоставувањата преку интернет, глумецот Мајкл Кларк Данкан кој почина оваа есен и Законот за спречување он-лајн пиратерија.

Топ 10 пребарувања:

1. Витни Хјустон

2. Гангнам Стајл

3. Ураганот Сенди

4. ајПад 3

5. Диабло 3

6. Кејт Мидлтон

7. Олимписките игри во Лондон

8. Аманда Тод

9. Мајкл Кларк Данкан

10. ВВВ12

Yahoo! Топ 10 за 2012 година:

1. Изборите во САД

2. ајФон 5

3. Ким Кардашијан

4. Кејт Аптон

5. Кејт Мидлтон

6. Витни Хјустон

7. Олимписките игри во Лондон

8. Политички анкети

9. Линдзи Лохан

10. Џенифер Лопез.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска