Што е „култура на откажување“ и зошто познати писатели ја осудија во отворено писмо

Од:

Би-би-си

Култура на откажување (Cancel culture) е бојкот на модерното време во дигитална доба.

Оваа пракса е популарна на социјалните мрежи, каде што се издвојува личност или компанија бидејќи кажале или направиле нешто што се смета за навредливо или неприфатливо.

Луѓето потоа ја повлекуваат поддршката за сторителот или со други зборови го „откажуваат“.

Некои луѓе претпочитаат да ја опишат „културата на откажување“ како онлајн срам.

Јавни личности беа „откажани“ онлајн по тужби за сексуално однесување или криминални активности.

Други, пак, се најдоа на нишан поради расистички или хомофобични шеги.

Но, перцепциите се разликуваат.

Постои и кампања што ја критикува „културата на откажување поради ограничување на слободата на говор преку поттикнување алтернативни погледи и идеи, колку и да се нечувствителни,

Значи, дали е „култура на откажување“ начин на кој луѓето ќе го кренат својот глас против навредливиот говор и однесувањето на оние што поседуваат одредена моќ? Или може повеќе да се спореди со менталитетот на толпата?

Дали гледате колку сум социјално освестен?

„Културата на откажување“ е пофалена поради тоа што ги повикува на одговорност оние што имаат моќ, а социјалните мрежи честопати се единствена арена во која најшироката јавност може да го впери прстот во јавните личности, но и тоа има свои недостатоци.

Едно истакнато име што говори за имплицитните опасности од културата на откажување е поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

„Доколку напишам на Твитер дека нешто не сте направиле како што треба, тогаш можам да легнам и да се чувствувам пријатно“, истакна Обама.

„Дали виде колку сум социјално освестен?“

Според Обама, постои опасност луѓето да станат „крајно осудени едни кон други“, заборавајќи дека светот е хаотичен и во него има нејаснотија. Луѓето кои прават добри работи имаат недостатоци.“

Луѓето со кои не се сложувате сè уште си ги сакаат своите деца и имаат заеднички работи со вас, додава Обама.

Јавно понижување

Оние што ја почувствувале „културата на откажување“ на сопствена кожа велат дека тоа може да биде деструктивна форма на јавно понижување.

Онлајн кампањите можат да стават крај на нивните кариери, повикувајќи на бојкот поради нивните дела, обесхрабрување на спонзорските зделки и загрозување на нивните средства за живот.

Луѓето или компаниите што беа „откажани“ и претворени во предемет на омраза често доживуваат дека нивните ставови, личности или производи веќе не се барани или не се пожелни.

Онлајн откажувањата можат многу брзо да се претворат во лавина од нешто многу поголемо, кога истакната јавна личност ќе гони некого, а илјадници луѓе почнуваат да ја следат.

Напад на слободата на говор?

Околу 150 писатели, академци и активисти, вклучувајќи автори како Џ. К. Роулинг, Салман Ружди и Маргарет Атвуд, неодамна потпишаа отворено писмо, осудувајќи ја културата на откажување и „ограничување во дебата“.

Потписниците на писмото потврдија дека социјалните мрежи имаат одредена сила кога треба да се дојде до позитивни промени, но истакнаа и ризик од прифаќање на културата на откажување по цена на отворени дискусии.

Во писмото се вели дека порастот на „јавниот срам и исклучување“ и „заслепена морална ексклузивност“ не се корисни за праведност или дискусија.

„Слободната размена на информации и идеи, извор на живот на едно либерално општество, секојдневно станува потесно“, пишува во писмото.

„Веќе ја плаќаме цената со помалку подготвеност да ризикуваме меѓу писатели, уметници и новинари кои се плашат за својата финансиска сигурност ако отстапат од консензус или дури не покажат доволно ревност во согласувањето.“

Неколку потписници говореа од лично искуство, бидејќи искусија да станат жртви на културата на откажување.

Како изгледа кога ќе ве „откажат“?

„Сакам да зборувам за тоа колку е токсична и одвратна културата на откажување, затоа што знам од прва рака како изгледа кога ќе ве „откажат“, вели Мени Гутиерез, познат шминкер со милион следбеници на интернет.

По расправија со друг шминкер на интернет, Гутиерез вели дека станал жртва на разгневнет интернет-мобинг и преку ноќ изгубил стотици илјади следбеници и вредни договори за спонзорство.

Дебаклот не влијаеше само на неговата работа и работни можности, туку остави трага и на неговото ментално здравје.

„Не можам ни да замислам дека некој добива само дел од омразата што јас ја добив“, вели Гутиерез. „Се чуствувате како губитник многу долго време.“

„Ако направите една грешка не може да се вратите.“

За Гутиерез и многу други што се нашле во иста ситуација, проблемот е што аргументот станува едностран и не постои право на одговор.

„Нема втора шанса, нема простување, додава тој. „Мислам дека не е апсолутно исправно.“

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ