Штип се подготвува за фестивалот на забавна музика „Макфест“

Од:

Организациониот одбор на фестивалот на забавна музика „Макфест“ денеска соопшти дека се прават последните подготовки за фестивалот.

На сцената на Домот на културата за време на фестивалот ќе бидат изведени 30 композиции.

– Меѓу нив се Боби Мојсовски, Мартинијан Кириловски, Антонија Гиговска , НадеТалеска и многу други, истакна Кирил Панајотов од организациониот одбор на „Макфест“.

Фестивалот и годинава ќе ја задржи интернационалната програма на која ќе настапат шест авторски и пејачки тимови од исто толку држави и тоа од Таџекистан, Азербејџан, Бугарија, Шведска, Финска и Белорусија.

– Редоследот по којшто ќе настапат пејачите, ќе се одреди на прес конференција, која традиционално ќе се одржи во Скопје, а на која уметничкиот директор ќе ја запознае јавноста со сите детали и ќе се изврши жребувањето за редоследот за првата и втората полуфинална вечер, рече Драган Ристов од прес-центарот на фестивалот.

„Макфест“ годинава ќе се одржи во стариот термин, односно на 5, 6 и 7 октомври.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он