Шпанка стана Мис на светот за 2015-та

Од:

Шпанката Миреија Лалагуна Ројо е победничката на „Мис на светот 2015“ чиј финален избор се одржа во Кина, а нејзини придружнички се Русинката Софија Никитчук и убавицата од Индонезија Марија Харфанти.

Финалето на изборот „Мис на светот“ се одржа во Синјан, на кинескиот остров Хаинан. Годинава во конкуренцијата учествуваа убавици од 114 земји и територии, меѓу кои и македонската претставничка манекенката Емилија Розман, кои покрај убавината ги претставија и своите таленти. Натпреварот се одвива во неколку етапи, меѓу кои и настап во национални костими, презентација на хуманитарен проект и демонстрација на талентот на учесничките.

Локалните медиуми истакнуваат дека кинеската претставничка Јуан Лу одвај влезе во првата дваесетка финалисти, и покрај бурната поддршка од публиката во салата.

Конкурсот „Мис на светот“ е најстарото вакво натпреварување и првпат е одржано во Велика Британија во 1951 година. Според правилата, на победничката покрај дијадемата, добива можност една година да живее во Лондон а според договорот обврзана е да учествува на различни хуманитарни настани.

Победничка на изборот „Мис на светот 2014“ беше претставничката на Јужноафриканската Република, Ролин Строс.

Би можело да ве интересира

Руската мисица смета дека изборот е наместен: Сите бегаа од мене зашто сум Русинка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Скандал на избор за мис – експресно ѝ ја одзедоа титулата на разведена убавица

Жарко Настоски

Мис Мукерџи замина во својата татковина за да и помогне на земјата од Ковид-19

А1он

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

Во Германија избрана „Мис 50 +“

Ана Ололовска